„Војната“ помеѓу ПСЖ и Килијан Мбапе продолжува понатаму. Францускиот голгетер одби голем финансиски приход за преселба во Саудиска Арабија, одби и продолжување на соработката со актуелниот француски шампион па одново ќе биде изоставен од првиот тим.
Дваесетичетиригодишниот репрезентативец на Франција ќе тренира со „отпишаните“, исто како и пред заминувањето на ПСЖ на турнејата во Јапонија како дел од подготовките за новата сезона, пренесуваат француските медиуми.
Мбапе нема намера да остане во ПСЖ по сезоната 2023/24 и цели кон трансфер во Реал Мадрид, но како слободен играч по крајот на престојната сезона за што ќе добие бонус вреден 160 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА