Беше избран на НБА драфтот пред Јанис и Гобер, сега ќе игра за АЕК

Седмиот пик на НБА драфтот во 2013 година, Бен Мекламор во новата сезона ќе биде дел од грчкиот прволигаш АЕК. За кошаркарот кој беше избран пред ѕвездите како Јанис Адетокумпо и Руди Гобер тоа ќе биде прво европско искуство.

Мекламор во НБА кариерата настапуваше а Сакраменто, Мемфис, Хјустон, Лејкерс и Портланд, а претходната сезона ја помина во Кина каде настапуваше за Шандонг.

Се вчитува...