Одбојкарската репрезентација на Македонија одигра два одлични натпревари против Романија како дел од подготовките за Европското првенство кое ќе се одржи од 30. август до 6. септември, а нашата држава ќе биде коорганизатор.
Капитенот на „црвено-жолтите“, Никола Ѓорѓиев не го криеше задоволството од прикажаното во Скопје велејќи дека формата оди во нагорна линија.
„Третиот микроциклус е завршен со два натпревари против Романија. Првиот многу потежок бидејќи беше со контри и различни тешки топка каде што поените траеа многу подолго и не исцрли за разлика од вториот кој беше вистински натпревар. Одигравме два одлични натпревара и многу сум среќен со квалитетот кој го поседуваме во овој момент. Сигурно дека сме далеку од формата која ја сакаме, меѓутоа од ден на ден како што кажа и селекторот ќе бидеме се подобри и подобри. Здравје Боже да бидеме здрави. Имаме ден пауза па продолжуваме со пријателските натпревари. Можам да кажам од капитенска гледна точка дека се оди десет, горд сум на момците за ова што го одработивме не само овие два натпревари туку целите три недели. Се надевам дека така ќе продолжиме и во останатите три микроциклуси и ќе истрчаме максимално подготвени за победа против Данска“, изјави Ѓорѓиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА