Наполи по долга потрага конечно потпиша договор со нов дефанзивец, играч кој се очекува да го наследи Ким Мин Џае во срцето на одбраната на италијанскиот шампион.
Нов играч на „наполитанците“ од денеска е Натан, 22-годишниот бразилски интернационалец кој доаѓа од редовите на Брагантино. Де Лаурентис претходно преговараше со Ленс за Дансо, но откако не успеа да постигне договор на крајот се реши за „планот Б“, потпис на Натан за сума од 10 милиони евра.
Фудбалерот пристигна во Неапол и по лекарските прегледи и официјално го стави потписот на петгодишниот договор со „наполитанците“, по што од денеска ќе се приклучи и на тренинзите на новиот тим.
Иако има само 22 години, Натан веќе има 103 настапи во сите натперварувања за Брагантино. Воедно, овој играч беше дел од шампионскиот тим на Фламенго од пред три години, но преселбата во Наполи му е прв европски ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА