Работнички зема залет: Тројца кошаркари се пред потпис со „центарци“

Работнички со сериозни амбиции ќе влезе во новата натпреварувачка сезона, а управата на „центарци“ конечно влегува и во завршна фаза за комплетирање на трансферите, се со цел тренерот Мираковски да има на располагање конкурентен тим. „Центарци“ веќе го договорија трансферот на Стајиќ од Пелистер, е во завршна фаза се наоѓаат уште тројца кошаркари кои наскоро би требале да ја официјализираат соработката со најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

Роберт Рикиќ би требало да биде новиот центар на Работнички, откако хрватскиот интернационалец јасно стави до знаење дека е заинтересиран за камбек во мак-баскетот, каде со успех настапуваше за Еуро Никел и за МЗТ Скопје. Тој минатото лето си замина од МЗТ, а сега е подготвен за враќање во Скопје, и тоа во дресот на вечниот ривал Работнички.

Заедно со него во таборот на „центарци“ се очекува да се вратат Стојан Ѓуроски и Виктор Ефремовски, македонските репрезентативци кои во минатото го имаат носено дресот на Работнички. Ефремовски си заминува од Гостивар, за него се интересираше и МЗТ, но одличниот шутер го избра Работнички за следна дестинација, додека Ѓуроски се враќа во мак-баскетот откако настапуваше во втората шпанска лига за тимот на Оуренсе.

Се вчитува...