Легендарниот Христо Стоичков жестоко го нападна Усман Дембеле откако францускиот ас експресно заборави се што стори Чави за него и реши да си замине од Барселона.
Каталонците платија 140 милиони евра за да го доведат Дембеле од Борусија Дортмунд, тој никогаш не ја оправда огромната сума, а дури лани под водство на Чави почна да прикажува стандардно добри игри во дресот на каталонскиот гигант. Сите очекуваа тој да остане и да продолжи да се развива во Барселона, па затоа огромно е разочарувањето во таборот на каталонците кога тој ја прифати понудата на ПСЖ, па сега „светците“ ќе ја активираат клаузулата и за сума од 50 милиони евра ќе го доведат во своите редови.
„Дембеле во последните четири и пол години заврши вкупно 20 натпревари до самиот крај. За четири и пол години… што повеќе да се каже. Во мое време, тој ќе ми ги чистеше копачките. Усман на 108 натпревари не настапи бидејќи беше повреден, има постигнато 18 гола и 16 асистенции. Извинете, за сума од 140 милиони евра се очекува многу повеќе. Јас кога доаѓав во Барселона, се потрудив да ја научам целокупнат аисторија на клубот. А Ти? Ти никогаш нема да разбереш каква величина е Барса, јас ти го гарантирам тоа. Ако не сакаш да останеш, оди си, немој да го срамотиш клубот. Ионака најголемата измама ти е што ги прелажа луѓето дека знаеш да играш фудбал“, му се обрати Стоичков на Дембеле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

