Вест Хем го договори трансферот на Алварез од Ајакс, но мексиканскиот репрезентативец би требало да биде првото од неколкуте засилувања што „чеканите“ ќе ги ангажираат во наредните денови. Како што информираат британските медиуми, лондонскиот клуб ги интензивирал преговорите со Манчестер Јунајтед за ангажман на двајца фудбалери на „црвените ѓаволи“, Хари Мегваер и Скот Мектоминеј.
Станува збор за двајца играчи на кои Тен Хаг не смета сериозно, па холандскиот стратег ќе настојува да бидат продадени до крајот на преодниот рок за да биде обезбеден буџет за уште едно ново засилување на Јунајтед,
Вест Хем уште пред десетина дена почна преговори за Мегваер, но понудата од 25 милиони фунти беше одбиена од Јунајтед. Според последните информации, новата понуда изнесува 30 милиони фунти, плус 20 милиони фунти за откуп на договорот со Мектоминеј. „Чеканите“ имаат значителен буџет по продажбата на Деклан Рајс во Арсенал, а Мојес инсистира што поскоро да бидат донесени засилувања, ако се знае дека новата сезона во Премиер-лигата ќе стартува викендов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

