Симоне Инзаги доби нов договор во Интер

По турбулентната сезона во која  се шпекулираше за негова замена, Симоне Инзаги се согласи да го продолжи договорот со Интер.

Под водство на Инзаги, Интер освои четири трофеи во две сезони и играше во финалето на Лигата на шампионите. Сепак, она за што поддржувачите за негова промена го критикуваат е тоа што не успеа да освои барем едно Скудето, иако се смета дека Интер во двете сезони го имал најдобриот тим во Италија.

Во самиот клуб посебно за него застана Бепе Марота, но често во јавноста се шпекулираше дека доколку не избори место во елитното натпреварување преку лигата, сигурно ќе биде сменет. Сепак, одличната завршница и второто место во шампионатот го спасија Инзаги, а неговиот рејтинг особено се зголеми со пласманот во финалето на Лигата на шампионите.

Тоа беше доволно за да добие нов договор, а таа вест ја потврди и неговиот агент Тулио Тинти. Тој потврди дека новиот договор ќе биде со важност до 2025 година.

Се вчитува...