ФИБА со нови глупости: Американец ќе игра за Бахами поради развој на кошарката

Светската куќа на кошарката направи нова грешка со директно прекршување на сопствените правила.

Иако правилата на ФИБА велат дека доколку некој играч игра за репрезентацијата на една земја, нема можност во иднина да игра за друга, тоа не е точно во случајот со Ерик Гордон.

НБА ветеранот така ќе добие можност да игра за Бахамите, иако пред 13 години бележеше настапи во дресот на САД на Мундобаскетот во Турција.

Членот 22 од правилатa на ФИБА вели дека тој не може да игра за друга репрезентација, но дека тоа може да се поништи доколку играчот се приклучи на тим „чија програма е во развој“ и ако тоа е „во најдобар интерес на кошарката“. Гордон кој е роден во Индијана ќе игра за земјата на неговата мајка, Бахамите.

Овој тим ќе игра во одличен состав на претквалификацискиот турнир во Аргентина, а таму се и Деандре Ејтон од Феникс, Бади Хилд од Индијана и Каи Џонс од тимот на Шарлот.

Се вчитува...