Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, наводно побарал дозвола од раководството на францускиот шампион да ги напушти „светците“ и да се врати во Барселона, а според медиумите интерес покажале Челси и неименуван клуб од Саудиска Арабија.
„Футмеркато“ тврди дека бразилскиот репрезентативец добил понуда од Саудиска Арабија со плата меѓу 300 и 400 милиони евра. Во исто време, „RMC Sport“ пренесува дека менаџерите на Нејмар се во преговори со Челси.
Новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике сака Нејмар да остане во Париз, но Бразилецот наводно е решен да го напушти клубот по заминувањето на Лео Меси. Враќањето во Барселона е приоритет, но неверојатна опција бидејќи Чави не ја поддржува идејата.
За потпис на ѕвездата на ПСЖ е заинтересиран и еден од бразилските клубови, но Нејмар се уште не сака да се врати во татковината.
31-годишниот фудбалер дојде во ПСЖ од Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра, а минатата сезона на 20 натпревари во Лига 1 постигна 20 гола со 11 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА