Де Брујне: Искрено не ме загрижува Арсенал

Кевин де Брујне и Манчестер Сити не успеаја да го освојат Комјунити Шилд во неделата. Тие беа поразени од Арсенал на пенали, по 1-1 и голот што „граѓаните“ го примија во 11. минута од продолжението, па така се стигна до пенали.

Де Брујне промаши во пенал рулетот, а Арсенал  победи со 4-1. Победата секако им даде крилја на момците на Микел Артета пред почетокот на новата сезона и битката за титулата во Премиерлигата, но сепак, Белгиецот вели дека не е загрижен за „топчиите“.

„Има осум или девет тима кои сетука, па не се грижам ниту за нив, ниту за Арсенал. Мораме да го направиме тоа што треба и да ја одбраниме титулата“, јасен е Де Брујне.

Се вчитува...