Аталанта пред потпис со големото трансфер-промашување на Милан

Аталанта успеа да добие богатство во преговорите со Манчестер Јунајтед за Хојлунд, по што тимот од Бергамо почна со реинвестирање на парите за ангажман на нови квалитетни засилувања.

Откако беше потпишан Скамака од Вест Хем, сега тимот на Гасперини се наоѓа пред ангажман на уште еден одличен фудбалер. Станува збор за Чарлс де Кетеларе, белгискиот суперталент кој имаше одлични игри во Бриж, но не се снајде најдобро во Калчо-лигата по трансферот во редовите на Милан. Младиот Белгиец не е дел од плановите на тренерот Пиоли за наредната сезона, а во Аталанта се подготвени да ја искористат ситуацијата дека Милан е подготвен да преговара дури и за позајмица, не задолжително само за перманентен трансфер.

Преговорите меѓу клубовите се во завршна фаза, Аталанта се согласи да плати три милиони евра за позајмицата на Де Кетеларе, а во договорот да има и опција следното лето да го откупи Белгиецот за дополнителни 23 милиони евра. Ако овој трансфер биде реализиран, Милан би имал и 10% од следната продажба на Де Кетеларе, кога овој фудбалер ќе си замине од Аталанта.

Се вчитува...