Феникс 2010 и Работнички ги добија противниците во квалификациите за ФИБА Еврокуп, еден турнир во Скопје

Македонските претставници во квалификациите на ФИБА Еврокупот, Работнички и Феникс 2010 денеска на ждрепката одржана во Швајцарија ги добија противниците за пласман во групната фаза.

Работнички битката за место во главната рунда ќе ја има на домашен терен откако македонскиот најтрофеен кошаркарски колектив ја доби организацијата за групата „А“. „Црвено-белите“ натпреварите ќе ги играат во СРЦ „Кале“, а за противници ќе ги имаат Донар Гронинген, Рапид Букурешт и Сабах кој е предводен од македонскиот стратег Бобан Митев.

Феникс 2010 пак својот пат до групната фаза ќе го трасира од Никозија, Кипар каде за противници ќе ги има домаќинот Керавнос и Рошток.

Покрај Скопје и Никозија квалификациските турнири кои ќе се одиграат од 2. до 5. октомври ќе бидат одржани и во Естонија, Финска, Унгарија, Шведска и Турција.

Се вчитува...