Вториот тим на Еурофарм Пелистер потпиша нов ракометар, комплетирајќи го трансферот на Алем Хаџиќ, 16-годишен играч од БиХ кој важи за еден од најголемите таленти во оваа држава и дебитираше во босанската супер-лига на само 14-годишна возраст.
„РК Еурофарм Пелистер 2 од денес е побогат за уште еден голем балкански талент. 16-годишниот босански интернационалец Алем Хаџиќ е нов член на нашето ракометно семејство. Овој ракометар, кој може да игра на позиициите лев и среден бек, доаѓа во Битола од клубот Коњух, каде веќе се наметна и играше важна улога и во сениорскиот тим. Хаџиќ потпиша четиригодишен договор со нашиот клуб“, објави битолскиот суперлигаш.
Со Коњух, Хаџиќ беше трикратен шампион во првенството за кадетите, а двапати беше МВП на завршните турнири и најдобар стрелец. Ова младо момче веќе пристигна во Битола и по потписот на договорот ќе се приклучи на новите соиграчи и стручниот штаб, на чело со тренерот Михаил Петровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА