ПСЖ го „избриша“ Мбапе од стадионот, дресовите со „седумката“ повлечени од продажба

Војната ПСЖ – Мбапе тргна во нов правец откако францускиот шампион не само што го избрка голгетерот од тренинзи и настапи за првата екипа, тука сега настојува целосно да го избрише неговото постоење во клубот.

Конкретно, денеска на стадионот „Паркот на принцовите“ можеа да се забележат активности, токму на деловите на кои беше испринтан ликот на Килијан Мбапе. По помалку од еден час, од Мбапе немаше ни трага ни глас во дизајнот за брендирање на арената на ПСЖ.

Згора на тоа, од денеска од продажба е повлечена целокупната линија на производи на ПСЖ поврзана со францускиот репрезентативец. Веќе во официјалните клупски продавници не може да се купи дрес со седумката на Мбапе, ниту пак некој друг производ со ликот на овој фудбалер.

Во оваа војна дефинитивно ќе се оди во крајност, па останува да се види дали Мбапе воопшто ќе се премисли и ќе си замине летово, или пак ќе остане на сегашниот став, да не мрда од Париз и дури и со дремење на трибини и тренирање со младинскиот тим да заработи над 100 милиони евра од „светците“.

Се вчитува...