Кил активираше „ракометна бомба“ на пазарот, откако денеска и официјално објави дека е потпишан договор со легендарниот голман на Барселона, Гонзало Перез де Варгас.
Шпанецот беше поврзуван со Кил во изминатите месеци, на крајот потпиша договор со „зебрите“, но истиот почнува со важност од јули 2025 година. Сепак, според најавите од ракометните кругови, потпишаниот договор отвора простор за Кил следното лето да преговара со Барса за една година порано да го откупи договорот и да го доведе Перез де Варгас на својот гол.
„Како играч со највисоки амбиции, подготвен сум за еден од најголемите предизвици во ракометот, да играм во најсилната лига во светот. Секогаш велев во себе – Ако одам во Германија, тоа ќе биде во Кил, клубот што покрај Барселона е наголем во светот според мене. Победите против Кил секогаш ми биле посебни бидејќи тоа е ракометен гигант, едвај чекам да почнам и да ги прославувам победите како член на овој клуб“, изјави Перез де Варгас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА