Влаховиќ е на лекарски прегледи во Минхен

Баерн Минхен никако не успева да се договори со Тотенхем за ангажман на Хари Кејн, додека паралелно со тоа бавно течат и преговорите меѓу Челси и Јувентус за размената – Лукаку и пари за Душан Влаховиќ.

Во еден таков период попладнево пристигна информација дека Влаховиќ го напуштил тренинг-кампот на Јувентус и заминал на лекарски прегледи во Минхен. Првата асоцијација е – договор за преселба во Баерн, но овојпат тоа не е случај.

Имено, Србинот никако не успева да ги надмине проблемите со повредата на мускулот која го мачи во текот и на ова лето како што тоа беше случај за време на ланската сезона. Третманите на клупските лекари на Јуве не вродиле со плод, па Влаховиќ заминал на специјалистички преглед во Минхен, во обид конечно да го реши незгодниот проблем.

Баерн и покрај претходните најави воопшто не испрати понуда за Влаховиќ и целото внимание го има насочено кон Кејн, па за Србинот моментно постојат само две опции – останување во Јувентус или преселба во Челси во размена за Лукаку.

Се вчитува...