Ново чудо од Дончиќ: 34 поени, трипл-дабл и тројка од 11 метри за победа над Црна Гора (ВИДЕО)

Кошаркарската репрезентација на Словенија ја совлада селекцијата на Црна Гора со 104-100 во пријателски натпревар одигран во Љубљана во салата „Стожице“. Натпреварот го одбележа новата магична партија на Лука Дончиќ, кој забележа трипл-дабл, постигна тројка од 11 метри и донесе триумф за својата земја.

Дончиќ уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите кошаркари на светот. Словенецот го предводеше својот тим со 34 поени, 13 скока и 14 асистенции. Меѓутоа на овој натпревар ќе се зборува за еден негов потег. Во напад успеа да постигне тројка од неверојатни 11 метри, на општо воодушевување на сите во салата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)

Се вчитува...