Подрачјето околу новиот стадион на АЕК, во понеделникот вечерта кон вторникот изгледаше како воена зона. Скршено стакло, исфрлени столчиња, траги на крв… како резултат на масовната тепачка која избила меѓу навивачите на АЕК, Панатинаикос и Динамо Загреб.
Епилогот беше трагичен, едно лице загина. Станува збор за 29-годишниот навивач на АЕК, Михали Кацурис.
Во тепачката биле користени ножеви, од кои настрадал несреќниот навивач, а се користеле и безбол палки. Грчката полиција уапси 98 лица, од кои 82 хрватски државјани. Осум од навивачите се задржани во болница, од кои три се со тешки повреди.
Во најтешка ситуација е 21-годишник кој има хематом на главата. Неговата ситуација е стабилна, но опоравувањето ќе зависи од следните 24 часа, јавуваат грчките здравствени власти. Еден навивач се здобил со изгореници од пиротехнички средства. Третиот тешко повреден живее во Франција, а дошол во Атина за да ја подигне годишната претплата. Има тешки повреди на главата и мозокот.
УЕФА веднаш реагираше и го одложи натпреварот. Фудбалерите на Динамо веќе се вратија во Загреб, а првиот меч ќе се игра на 15. август во Загреб, додека реваншот е четири дена подоцна во Атина. Победникот од овој дуел во плеј-офот во ЛШ оди на Антверпен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

