Некогашната светска тенисерка број 1 се врати на терен после три години пауза

Данаската тенисерка Каролина Вознијацки, се пласираше во второто коло на ВТА турнирот во Монтреал, откако ја совлада Кимберли Бирел од Австралија со 6:2, 6:2.

Мечот траеше еден час и 38 минути, а Вознијацки после три години на теренот се врати со убедлива победа. Данската тенисерка не е повеќе рангирана поради долгата пауза, а за учество на овој турнир добила специјална покана.

Вознијацки во второто коло ќе игра со победничката од мечот меѓу Вондроушва и Шериф. Данската тенисерка која има 33 години, во кариерата освои 30 ВТА титули, вклучувајќи го и трофејот од АО 2018 година. Таа беше вкупно 71 недела на врвот на ВТА листата.

Се вчитува...