Србија е многу далеку за првпат да има два претставника во групната фаза во Лигата на шампионите, откако вториот претставник од оваа земја тимот на ТСЦ Бачка Топола, беше „прегазен“ од Брага на гостувањето во Португалија со 3-0.
Два брзи гола во првиот дел, и еден погодок во вториот дел беа „кобни“ за српскиот вицепрвак, кој на ова гостување во првите минути делуваше збунето и загубено, а Португалците можеа да постигнат уште некој гол.
Брума во 17. минута носи предност за португалскиот тим. Две минути подоцна Пици ја зголемува предноста по големата грешка на одбраната на српскиот тим. Во вториот дел конечните 3-0 ги постави Дјало со гол во 87. минута.
Турскиот првак Галатасарај ја совлада Олимпија Љубљана со 0-3 во првиот меч од третото коло во ЛШ и се доближи до плеј-офот. Стрелци за Галата беа Актуркоглу, Мертенс и Дервишоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

