Голманот на Интернасионал со гол го исфрли Ривер од Копа Либертадорес (ВИДЕО)

Екипата на Ривер Плејт е елиминирана од Копа Либертадорес откако загуби од Интернасионал на пенали, и тоа после десетата серија.

Ривер на ова гостување допатува со предност од 2:1 од дуелот на „Монументал“, меѓутоа Интенасионал одлично го отвори мечот и експресно дојде до 2-0. Аргентинскиот тим се избори за пенали со голот на Рохас во 90. минута.

Следеше уште поголема драма во пенал серијата, откако и по десетата серија беше нерешено, па требаше да шутира и голманот Серхио Роче, кој постигна гол за победа од 9:8 и пласман во 1/8 финалето.

Од другите натпревари, Флуминензе го совлада Аргентинос Јуниорс со 2-0, за вкупни 3-1.

Интернасионал во 1/4 финалето ќе игра против Воливар, додека Флуминензе го чека подобриот од дуелот Олимпиа – Фламенго.

Се вчитува...