Манчестер Сити е заинтересиран за играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета. Бразилецот се најде на списокот на желби на тренерот Гвардиола, и екипата со сити сили ќе тргне по негов ангажман. Двата клуба веќе почнале преговори, тврдат англиските медиуми.
Сепак, преговорите нема да бидат лесни, затоа што Вест Хем нема да сака да се откаже од уште еден свој фудбалер, после продажбата на Деклан Рајс на Арсенал. Поради тоа првата понуда беше одбиена.
„Чеканите“ го ангажираа Пакета пред една година од Лион, кога за него платија 53 милиони фунти. Бразилецот одигра 41 меч претходниот шампионат, и постигна пет гола и седум асистенции. Сити во овој преоден рок ги загуби Гиндоган и Марез, а веројатно ќе остане и без услугите на Бернардо Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

