Занети: Лукаку нѐ предаде, разочарани сме

Ромело Лукаку во следниот период ќе треба да го комплетира трансферот во Јувентус. Тој минатата сезона ја мина во Интер, а беше дел од клубот и од 2019 до 2021 година.

Белгискиот фудбалер ја одби понудата од Интер, изјавувајќи дека сака да продолжи во Јувентус. На ова реагираше претседателот на Интер, легендарниот Хавиер Занети искажа разочараност од односот на фудбалерот.

„Лукаку го предаде Интер, разочарани сме. Очекувавме многу поинаков однос од него, како професионалец, но и како човек“, рече Занети.

Италијанските медиуми потсетуваат дека Белгиецот порано изјавил дека никогаш не би играл за Јувентус, а лани беше навредуван од страна на навивачите на „Бјанконерите“.

Се вчитува...