Според информациите од грчките медиуми досега се уапсени повеќе од 100 хрватски хулигани по немирите во Атина, а полицијата на Грција трага по најмалку уште 50 кои на разно-разни начини се обидуваат да избегаат од земјата.
Грците, меѓу другото, пишуваат и за односот на уапсените Хрвати во полицијата, опишувајќи ги како вистински војници кои речиси ништо не зборуваат, кратко одговараат и имаат една иста кратка неверојатна теорија за инцидентот во кој беше убиен и еден грчки навивач.
„Уапсените мирно даваат свои ДНК примероци, но на испитувањата се однесуваат како војници. Малку и одмерено зборуваат, нивните изјави се добро промислени, изгледаат остро и не се воопшто под стрес“ – пишуваат грчките медиуми.
Според нив, уапсените тврделе дека воопшто не планирале проблеми во Грција а во Атина допатувале само за да дадат „психолошка поддршка“ за фудбалерите на Динамо Загреб иако знаеле дека УЕФА забрани гостински навивачи. Нивната зачудувачка теорија е дека отишле во блиските кафулиња до стадионот за да ги поздрават своите фудбалери пред официјалниот тренинг, но неочекувано биле нападнати од грчки семејства по што и почнал инцидентот а тие само се бранеле. Сепак немале објаснување зошто пристигнале наоружани со ножеви и со палки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

