Дербито меѓу Шкендија и Струга ТЛ ќе се игра на 30. август

Дербито на 2. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Струга ТЛ место на 13. август ќе се игра на 30. август, со почеток од 16 часот, одлучи Натпреварувачката комисија на ФФМ а на барање на шампионот.

Струга ТЛ утре и на 17. август го игра двомечот со Есперанж во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, поради што следи одложувањето на дуелот со тетовци за 30. август (среда).

Се вчитува...