Конечно се огласија и „Бед-блу-бојс“: Порака за тоа што мислат за случувањата во Атина

Навивачката група на Динамо Загреб, „Бед-блу-бојс“ конечно се огласи, со било каква реакција, по хаосот кој беше приреден од членови на нивната група во Атина пред мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб е во кој животот го загуби и еден грчки навивач.

„БББ“, чии членови се сомничат дека го убиле навивачот на АЕК, на официјалниот инстаграм профил закачија своја фотографија со транспарент на кој е прешкртан нож.

Сето тоа е нивна еден вид порака дека се против користење ножеви во навивачките пресметки. Според некои тоа се толкува дека ножеви не користеле и за време на немирите во Атина, алудирајќи дека нивни членови не се убијците на младиот Грк.

Се вчитува...