Додека во фокусот на фудбалскиот свет е невиденото насилство во Атина кое резултираше со убиство и нанесени тешки телесни повреди на повеќе лица, изминатата ноќ бурно беше и во Данска каде се пресметаа навивачите на Копенхаген и Спарта Прага.
По крајот на натпреварот од третото коло во квалификациите за Лигата на Шампионите кој заврши со реми без постигнат гол данските и чешките навивачи се пресметале на улиците на градот, но овој пат брзата интервенција на полицијата спречила поголем инцидент при што десетици навивачи на двата клуба завршиле зад решетки.
08.08.2023, Police chasing FC Copenhagen🇩🇰 after Champoins League Qualifier match against Sparta Praha🇨🇿 https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/yALMVwDxwZ
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

