Познати се можните наследници на Мегваер во Манчестер Јунајтед

Трансферот на Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед во Вест Хем Јунајтед ослободи стоперско место во редовите на „црвените ѓаволи“, а во англиските медиуми веќе се појавија и можните имиња за наследник на репрезентативецот на Англија.

Ерик тен Хаг бира помеѓу три имиња: Бенџамин Павард, Жан Клер Тодибо и Едмонд Тапсоба. Сите тројца се расположени за преселба на „Олд Трафорд“, а најблиску до неа е Тодибо со кој веќе ова лето веќе беа водени преговори. Манчестер Јунајтед претрпе голема загуба со продажбата на Хари Мегваер. Стоперот кој пристигна во клубот во трансфер вреден 85 милиони фунти се пресели во Лондон за 55 милиони помалку.

Сепак, „црвените ѓаволи“ решени овие 30 милиони фунти што ќе ги добијат во Вест Хем да ги реинвестираат во нов дефанзивец, кој не би имал загарантиран првотимски статус, но дефинитивно би ја зголемил конкуренцијата во последната одбранбена линија на Ерик тен Хаг.

Се вчитува...