Кожув потврди: Караџовски се врати во Гевгелија

Димитар Караџовски е првото засилување на Кожув за наредната сезона, откако прволигашот од Гевгелија денеска го официјализираше камбекот на искусниот плејмејкер.

Овој кошаркар ги мина последните сезони во дресот на Пелистер, летово се реши да ги промени клупските бои, а од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Кожув.

„Искусниот Димитар Караџовски е првото засилување во новата натпреварувачка сезона. Искусниот плејмејкерот е по 3 пат во нашиот состав откако ги бранеше боите на нашиот клуб од 2012/2014, потоа од 2019 до 2021. Добредојде во црвено белата фамилија“, објави Кожув на својата официјална фејсбук страница.

Тимот од Гевгелија во следните денови би требало да ги комплетира и трансферите на Митевски и на Пандев од МЗТ, по што ќе се насочи кон ангажман на странски засилувања.

Се вчитува...