Не се смируваат страстите во Атина по страшните инциденти пред две ноќи кои однесуа и еден живот, по смртта на 29-годишниот Михалис Катсурис во пресметката на заедничката група на навивачи на Динамо Загреб и Панатинаикос со приврзаниците на АЕК.
Стотина фанови се уапсени и денеска беа изведени пред судија, но навивачите на АЕК најавуваат дека се подготвени да ја земат правдата во свои раце. Во Атина се најавува нова „војна“ на улиците откако навивачката група на АЕК побара од своите приврзаници да излезат вечерва на улиците за пресметка со фановите на Панатинаикос, чиј тим ќе се сретне со Олимпик Марсеј во квалификациите за Лигата на Шампионите.
„Денеска бараме од сите приврзаници на АЕК од северниот дел од градот да излезат во групи на улиците и да ги бараат гадовите кои одат на натпреварот. Во 19.30 сите треба да бидат во Патисија, Вазела, како и во Маруси. Нема да ги допреме семејствата, татковците со синови и малите деца“, се вели во објавата на навивачката група на АЕК.
На потег е полицијата, да спречи ново крвопролевање низ улиците на Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

