Кошаркарската репрезентација на Италија почна да и набива комплекс на Србија. По елиминацијата минатата година од Евробаскетот, и победата среде Белград во квалификациите за ЛОИ во Токио тие вечерва славеа и на Акрополис турнирот со 88-89.
Србите подобро го отворија мечот и по првата четвртина имаа предност од 32-19. Италијанците зиаграа подобро во вториот период и на полувреме имаа негатива од само три поени (47-44).
Во вториот дел се играше израмнето, а во финишот иако Италијанците направија голем број грешки, Богдановиќ промаши шут за победа, а на крајот Италија славеше со 88-89.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

