И веројатно за тоа се свесни во ФФМ. Ако пак, не, тогаш е повеќе илузорно да се верува дека спасот за македонската репрезентација лежи во некакви „грофови“ или имиња од домашната и балканската сцена кои се спомнуваа изминатиов период, во рамките на шпекулациите.
Струга ТЛ денеска го продолжува својот европски пат, со дуелот против луксембуршки Есперанж во првиот меч од 3. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.
Актуелниот шампион остана единствената македонска екипа да ја брани честа на мак-фудбалот во Европа, со желба и да стигне до плејофот во третото по квалитет европско клупско натпреварување. А, пречка на тој пат се Луксембуржаните кои се добар мотив за стружани во обидот да се дојде до последната фаза пред групите во Конференциската лига.
Стратегот Шпетим Дуро верува дека тимот ќе одигра на највисоко ниво затоа што секој поединец носи огромна мотивација пред пресметката.
„Ова е натпревар кој го чекаме со големо нетрпение. Знаеме дека пред нас е историска шанса да дојдеме до плејофот и затоа секој во тимот носи огромен мотив за надигрување и успек. Всушност секој натпревар за нас во Европа е голем предизвик. Така ќе биде и утре посакувајќи позитивен резултат пред реваншот“ – вели Дуро и дополнува:
„Тоа е квалитетен тим кој не смее да се потцени. Шампиони се на Луксембург и сето тоа доволно зборува. Тргнуваме двете екипи со израмнети шанси, но јасно е дека наша цел ќе биде победа на домашен терен. Радески е во одлична форма и сигурно сакаме да го искористиме тоа. Нема што многу да менуваме во формацијата затоа што досега победувавме на тој начин. Секако дека крајна наша цел е да дојдеме до групната фаза во Конференциската лига. Ќе се обидеме иако знаеме дека ќе биде тешко“.
Слично е размислувањето и на најдобриот поединец на тимот ова лето, репрезентативецот Марјан Радески кој верува дека неговиот тим може да дојде до плејофот во ова натпреварување иако максимално го почитува денешниот противник.
„Знаеме дека не очекува тежок меч и покрај тоа што се работи за тим од Луксембург. Имаат сериозен индивидуален квалитет во своите редови. Максимално ги респектираме, но веруваме дека ние имаме поголеми шанси да се пласираме во следното коло. Ако одиграме како што игравме досега во Европа, со силен мотив на ниво на тимот тогаш успехот ќе дојде. Мојата форма е плод и на ангажманот на целиот тим и соиграчите кои ми помогнаа да се вратам во посакуваната форма. Сепак, успесите на Струга ТЛ се тимски плод“ – вели Радески.
Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Есперанж се игра од 17 часот на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА