Карлос Алкараз лесно се пласираше во осминафиналето на „Роџерс купот“ во Торонто. Првиот тенисер во светот во шеснаестфиналето го совлада Американецот Бен Шелтон победувајќи со 6-3 и 7-6 (3).
Шпанецот на блескаше на својот прв настап на тврда подлога од април, кога беше елиминиран во полуфиналето во Мајами од Јаник Синер, но добро ги користеше своите шанси на крај за конечна победа.
„Беше поагресивен од мене. Се обидов да бидам цврст и да најдам свој ритам, но имав проблеми. Вакви мечеви многу помагаат за оние следните“ – изјави по мечот Алкараз, кој во следната рунда ќе игра со Полјакот Хурберт Хуркач.
Од друга страна, елиминиран е петтиот носител Холгер Руне кој беше изненаден од Американецот Маркос Гиров со 6-2, 4-6 и 6-3.
Гирон во осминафиналето ќе игра против сонародникот Томи Пол кој го совлада Аргентинецот Федерик Сарундола во голема борба по три сета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

