Лидер во Eвропскиот сегмент на кросовери – со моќен став, аеродинамично компактна форма, моделот Qashqai e горд претставник на новата визија на брендот, а од сега и придружник на омилениот македонски поп пејач и композитор Владо Јаневски.
„Мојата приказна со новиот Nissan Qashqai почна филмски, како љубов на прв поглед. Додуша еднострано, бидејки автомобилот не ме виде мене па да се вљуби, ама јас кога го видов ме обзема чувство на инстант атракција. И како во секоја љубовна приказна првичната привлечност поради модерната и префинета надворешна естетика на моделот во бисерно бела изведба со црни детали, набрзо ми се надополни со удобноста и содржините во кабината, како и перформансите во движение. Навистина сум вљубен во мојот нов Nissan Qashqai. Задоволството стана комплетно со понудата да станам бренд амбасадор од страна на Аутомотив Груп, чест ми е да соработувам со бренд кој со децении опстојува на врвот во својата област и константно се надградува во квалитет. Однапред се радувам за секој километар поминат зад управувачот на мојот нов дом на тркала – Nissan Qashqai – добар за околината и уште подобар за мене!“– изјави Владо Јаневски.
Најновиот модел на Qashqai е изработен на новата платформа на Alliance CMF-C која ги поткрепува неговите технолошките надградби, додека пак иновативниот систем e-POWER носи електрификација на истиот.
Tехнологијата е-POWER користи електричен мотор за управување на тркалата, нудејќи моментално забрзување и тивко работење EV – без ограничување на опсегот или грижа за да се пронајде полначот. За разлика од традиционалните хибридни системи, бензинскиот мотор делува како генератор – агрегат за полнење на литиум-јонската батерија со која се полни електричниот мотор.
Ултимативен кросовер:
* Внатрешноста на новиот Qashqai е напредна и софистицирана:
- Јасен и функционален 10,8“ дисплеј, 12,3“ дигитална инструмент табла* и 9“ HD NissanConnect дисплеј* со напредни поврзани услуги. Трите големи екрани работат заедно во совршена синхронизација за побезбедно, појасно и пооптимизирано возење ;
- Вашиот личен простор никогаш не бил поинтимен и персонален:
- 10,8“ WINDSCREEN HEAD-UP DISPLAY
- 12,3“ FULLY DIGITAL METER – Екран со висока резолуција со големи можности за конфигурација врз основа на расположениетo или потребaтa на возачот ;
- Максимален капацитет за багажен простор – до 1.593L;
- Around View Monitor Ви овозможува 360° преглед на вашиот автомобил, со фокусиран избор на погледот на предниот, задниот како и страничен дел, со цел да Ви помогне да паркирате со доверба и супер контрола, 4 камери со висока резолуција за појасен преглед на околината на помала брзина како и одредени ситуации во паркирањето за побезбедно чувство ;
- Опремен со напредни технологии дизајнирани да го следат патот, да се осигурат дека сите патници се безбедни и да дадат максимален мир при возењето;
- ProPILOT со NAVI-Link;
- И многу повеќе за неговите карактеристики на следниот линк: http://nissan.mk/vozila/noviot-nissan-qashqai/
Моделот Nissan Qashqai е изложен во ексклузивниот салон на брендот Nissan и е достапен за тест возење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА