Селекторот на кошаркарската репрезентација на Германија, Гордон Херберт го соопшти конечниот список од 12 кошаркари на кои ќе смета на Мундобаскетот во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Германија ќе биде во групата Е на шампионатот заедно со домаќинот Јапонија, Австралија и Финска, а Херберт се одлучи за следните 12 кошаркари:
Денис Шрудер, Морис Вагнер, Франц Вагнер, Јоханес Војтман, Јоханес Тилман, Даниел Тајс, Андреас Обст, Маодо Ло, Давид Крамер, Јустус Холац, Нилс Гифај и Исак Бонга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

