Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа без проблеми се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во хрватска Осиек.
Тетовчанката во осминафиналето на турнирот вреден 25.000 американски долари без поголеми проблеми славеше над домашната надеж Силвија Нириќ со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-0.
Ѓорческа во четвртфиналето за противник ќе ја има Русинката Викторија Кан која во моментов се наоѓа на 827. место на ВТА листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

