Сагата околу иднината на Килијан Мбапе веројатно е завршена кога е во прашање оваа сезона, во која влегува во последната година од актуелниот договор со ПСЖ.
Како што пренесува „Скај спортс“, Килијан Мбапе ги известил челниците на Пари Сен Жермен дека по никоја цена нема да го напушти клубот ова лето.
Затоа неговата ситуација ќе остане иста, тој ќе биде надвор од тимот и нема да игра до крајот на сезоната, додека не му истече договорот со клубот.
Мбапе наводно е незадоволен од трансфер политиката на парижаните, а минатото лето потпиша нов договор со верба дека во клубот ќе му се приклучат Роберт Левандовски и Бернардо Силва.
ПСЖ, пак, веќе се подготвува за „живот без Мбапе“ и сака да им испрати порака на останатите играчи дека никој не е поголем од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА