Нуркиќ без влакна на јазикот: На политичарите не им доцнат платите, а ние немаме кондициски тренер

Низ годините често се среќававме со вести за катастрофалните услови на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина кои одеа и до мера до која репрезентативците мораат сами да си го плаќаат патот за да ја претставуваат татковината.

А, темата „услови“ не беше избегната ни на последната пресконфернција пред претквалификацискиот турнир за ЛОИ во Париз.

Пред патувањето за Полска, ѕвездата на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ отворено говореше пред медиумите одново критикувајќи ги раководните лица.

„30 години се соочуваме со истите проблеми. Прво мораме да говориме за услови бидејќи тоа е почетокот на се. Ние имаме проблеми секоја година, не можеме да добиеме основни потреби, а немам ни на кога да се обратиме. Кога ќе се споредат резултатите и условите може да кажеме дека правиме имаме неверојатен успех. Во Полска четворица ќе спиеме во една соба. На политичарите не им доцнат платите, ништо не им доцни, а ние немаме концидиски тренер. Мора нешто да се промени за следните генерации. Треба да ги решавме проблемите, а не да се лутиме кога децата бираат да претставуваат други репрезентации“, вели Нуркиќ.

Се вчитува...