Грчката полиција ја продолжува истрагата за утврдување на идентитетот на убиецот на Михалис Кацурис, кој почина за време на страшните инциденти во понеделникот, во масовната тепачка меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб.
Над сто лица беа приведени и изведени пред истражен судија поради масовните инциденти, но кога станува збор за убиството на Михалис, тука истрагата придонесе бројот на осомничени да биде намален на само 13 личности. Од нив, девет се хрватски навивачи, тројца се Грци, а еден е Албанец.
Обдукцијата покажа дека Кацурис починал поради обилно крвавење по исекотина во пределот на подлактицата. Грчките медиуми пишуваат дека од 13-те навивачи кои се сомничат за убиството, во преден план се уште се наоѓаат хрватските хулигани, но и дека кај мажот од албанска националност е пронајден ноќ на расклопување, за кој дополнително ќе се утврди дали со него е извршено делото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

