Јунајтед му плаќа 10 милиони фунти на Мегваер за да замине во Вест Хем

Вест Хем и Манчестер Јунајтед се договорија трансферот на Хари Мегваер да изнесува 30 милиони фунти, но пречка засега претставуваат преговорите за личните услови меѓу искусниот дефанзивец и лондонскиот клуб. Проблемот е јасен, Мегваер според договорот со Јунајтед има загарантирана плата од 190.000 фунти неделно, додека „чеканите“ немаат намера да му понудат повеќе од 120.000 фунти.

Проблемот е нерешлив од овие две страни, па ќе мора да реагираат челниците на „црвените ѓаволи“, да дадат сериозен придонес за трансферот да може да се реализира. Како што јавува весникот „Дејли Мејл“, „црвените ѓаволи“ се подготвени да му платат на Мегваер 10 милиони фунти само за да го забрзаат неговото заминување од „Олд Трафорд“.

Овие пари би биле доволни за да се покрие разликата во плата за периодот во кој Мегваер би бил под договор со Јунајтед, па се очекува во следните 48 часа да биде донесена конечна одлука, дали Мегваер ќе прифати трансфер во Вест Хем или ќе продолжи да ги фрустрира челниците и навивачите на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...