Ливерпул го заврши еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот

Ливерпул не застанува кога се во прашање засилувањата во средниот ред. После Мекалистер и Собослаи, тимот од Енфилд има договор и со Моисес Каиседо од Брајтон, во трансфер вреден 126 милиони евра, што влегува во топ 10 најскапи трансфери во историјата на фудбалот.

Челси беше исто така во игра за потписот на Еквадорецот, но „црвените“ беа убедливи и го добија потписот на играчот.

Кога ќе биде комплетиран трансферот, тоа ќе биде шести најскап трансфер во историјата после Нејмар, Мбапе, Кутињо, Дембеле и Феликс.

Интересен е патот на Каиседо во европскиот фудбал. Тој дојде во Брајдон од еквадорски Индепентиенте. Меѓутоа не почна веднаш да игра во Англија, туку беше позајмен во Бершот. После една сезона во Белгија, во 2022 се враќа во Брајтон, и после една година прави трансфер од соништата.

Со 21 година, за репрезентацијата на Еквадор има 32 настапи и три постигнати гола. Тој дејствува главно како одбранбен играч за врска, и ќе биде замената за Фабињо, кој замина во Саудиска Арабија во тимот на Ал-Итихад.

Се вчитува...