Вчера стигна шокантната вест за Реал Мадрид, дека ќе остане без својот прво голман Тибо Куртоа речиси цела сезона, поради тешката повреда на вкрстените лигаменти на коленото.
Белгиецот го чека сега пауза од 7-8 месеци, што значи според првите прогнози би требало да се врати дури на крајот од сезоната. По повредата се огласи и голманот.
„Никогаш не очекувате да поминете низ нешто вакво. Сега морам да ја прифатам оваа ситуација и да направм се што е потребно за да се вратам уште посилен. Ви благодарам на сите за енергијата, љубовта и поддршката. Ми давате мотив да се опоравам што подобро“, напиша Куртоа на социјалните мрежи.
Куртоа е дел од 2018 година. С клубот освои се што може да се освои. Минатата сезона пропушти само шест натпревари во Ла Лига, и прими 29 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

