Македонската кадетска репрезентација вчера ја победи Унгарија, и ќе се бори за 9. место на Светското првенство во Хрватска. Кадетите беа подобри од четвртата светска сила во ова натпреварување, и на крајот славеа триумф со 22-20.
Еден од тренерите на репрезентацијата, Бранко Ангеловски на социјалните мрежи го искажа своето задоволство од победата, и најави дека овие ракометари се најдобри.
„Да знаеш колку незнаеш или колку не можеш е голем чекор кон знаењето или кон можноста што можеме да направиме. Да, знаевме дека сме ниски, знаевме дека физички не можеме да се носиме со покорпулентните од нас, но борбеноста е еден вид карактер кој го краси овој колектив. Какви и да се, наши синови се, синови на Македонија, а верувајте, овие деца се најдбори. Одиме напред!!! За кого? За Македонија“, напиша Ангеловски со фотографија од ракометарите.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА