Започнува шоуто наречено Премиерлига: Засилените го симнуваат Манчестер Сити од тронот?

Новото сезона во англиската Премиерлига започнува вечерва со судир меѓу шампионот во Чемпионшип Барнли и супер-тимот во Манчестер Сити, кој ја брани тројната круна од минатата сезона. „Граѓаните“ ќе се обидат да станат првиот тим во историјата коој освоил четири титули по ред во англиската „елита“. Првата пречка ќе биде тим предводен од поранешен играч на „граѓаните“ Винсент Компани. Мечот почнува во 21 часот.

Шампионот претрпе мали измени во играчкиот кадар. Илкај Гундуган замина во Барселона, и Марез се пресели во Саудиска Арабија. Во Сити дојдоа Јошко Гвардиол, кој стана најскапиот дефанзивец во светот, и Матео Ковачиќ кој пристигна од Челси.

Сити и натаму важи за прв фаворит за титулата, и покрај тоа што Арсенал, Ливерпл и Манчестер Јунајтед добро се засилија. Арсенал го направи најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата досега, ангажирајќи го Рајс. За него и за Хаверц и Тимбер, беа платени 200 милиони фунти, а се очекува „топџиите“ да се засилат и со Раја од Брентфорд.

Јунајтед забележа напредок под водство на Ерик тен Хаг и заврши на третото место во Лигата, прекинувајќи ја и „сушата“ во освојување на трофеи со кревањето на трофејот од Карабао Купот. На Олд Трафорд пристигнаа Онана, Маунт и Хојлунд. Замина Де Геа, а се очекува заминување и на Мегваер, Фред и Мектомини.

Њукасл исто така ги засили своите редови со носење на Тонали, Барнс и Ливраменто. Се очекува Тонали да внесе дополнителен квлитет во средниот ред, и „страчките“ одново да се борат за првите четири места. Многу се очекува од Ливерпул кој го засили средниот ред со Мекалистер и Собослаи, а се очекува да пристигне и Каиседо во најскапиот трансфер во Премиерлигата. „Ветераните“ Милнер и Хендерсон го напуштија тимо, а заминаа и Фирмино, Фабињо, Кеира и Окслејд-Чембрлен. Останува мистерија колку тимот ќе биде силен во одбраната, која „пукаше“ и во неочкувани натпревари минатата сезона, а тука Клоп не донесе некои поголеми промени.

Челси исто така очекува многу со видно изменет тим за разлика од почетокот на минатата сезона. Многу играчи заминаа од синиот дел на Лондон: Хаверц, Маунт, Ковачиќ, Кулибали, Пулишиќ, Менди, Лофтус-Чик и Ампади, а заминаа и Канте, Аспиликуета, Обамејанг. Беа донесени Нкундку, Санчез, Џексо, Угочукву и Анџело. Надополнети со Џејмс, Фернандез и останатите, и со нов тренер во името на Покетино, да се вклучи во трката за горниот дел на табелата. Според имињата, Челси ќе биде послаб од минатата сезона.

Послаб ќе биде и Тотенхем, со оглед дека Хари Кејн е веќе играч на Баерн Минхен, а многу нешта во тимот зависеа од него. На местото на Лорис беше донесен Викарио. Беа донесени и Медисон, Велис, Ван де Вен и Соломон. Откупени се Поро и Кулушевски, кои досега играа како позајмени.

Интересно ќе биде да се види како ќе игра Астон Вила која имаше импресивен избор на засилувања со Тилеманс, Пау Торес и Муса Дијаби, а Унаи Емери направи добри резултати откако го презеде тимот. Брајтон ќе биде ослабен со оглед дека заминаа многу играчи, и тешко дека тимот ќе се бори за нешто повеќе од излез во Лигата на Конференции оваа сезона.

Останатите екипи се очекува да водат битка да останат и дел од „елитата“, и да земат скалп на некој од големите тимови, што ќе биде важно во освојување на  титулата. Интересно ќе биде да се види како Вест Хем без Деклан Рајс. Брентфорд и Фулам беа добри минатата сезона и ќе се обидат да го задржат тоа ниво. Палас, Борнмут и Нотингем ќе се стремат да бидат подалеку од опасната зона. Вулверхемптон, Евертон исто така да бидат над опасната зона, додека Барнли, Шефилд и Лутон ќе се обидат да останат во Премиерлигата.

Македонија во Дарко Чурлинов ќе има преставник во Премиерлигата идната сезона.

Се вчитува...