Лорис пред трансфер во Лацио

Францускиот голман Хуго Лорис преговара за трансфер во Лацио, соопштува „РМЦ Спорт“. Французинот имаше договор до 2024 година, но ова лето Тотенхем му овозможи да биде слободен агент.

Лорис е заинтересиран да биде дел од Лацио, кој сезонава ќе биде дел од Лигата на шампионите. 36-годишниот голман претходно беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, како замена за повредениот Тибо Куртоа кој ќе паузира 7-8 месеци.

Лорис беше дел од Тотенхем 11 години, по неговиот трансфер од Лион. Покрај него, лондонскиот тим ќе го загуби и Хари Кејн кој денеска треба да потпише за Баерн Минхен.

Се вчитува...