Анчелоти става „вето“ на трансферот на Де Геа?

Реал Мадрид е подготвен да донесе нов голман како замена за Тибо Куртоа, кој ги повреди лигаментите и ќе паузира 7-8 месеци. Прв фаворит за замената на Белгиецот е Давид Де Геа, кој е слободен играч после заминувањето од Манчестер Јунајтед.

Но, веројатно до трансфер на Де Геа на „Сантијаго Бернабе“ нема да дојде, затоа што Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид не е љубител на шпанскиот голман, и според информациите од Шпанија е подготвен да стави „вето“ на трансферот на Де Геа.

Сега најсериозен кандидат за голманската позиција во Реал е Јасин Боно од Севилја, додека како можни варијанти се споменуваат и Хуго Лорис, Самир Хандановиќ и Кејлор Навас.

Се вчитува...