Денеска стартува сезоната во шпанската Ла Лига. Првенството ќе го почне нашиот Столе Димитриевски, кој со Рајо Валјекано гостува на Алмерија, а подоцна на теренот ќе излезат Севилја и Валенсија.
И во новата сезона во Ла Лига нема ништо да се смени. Битката за титулата е меѓу најголемите ривали Барселона и Реал Мадрид, односно да се води ново „Ел Класико“ за титулата.
Барселона повторно е благ фаворит и покрај тоа што има скромна селекција. Каталонците го ангжираа Илкај Гундоган кој дојде како слободен агент од Сити. Клубот го напуштија Бускетс и Алба, а Пике се откажа од играњето на фудбал. Веројатно Барса ќе остане и без Усман Дембеле. Можеби најголем хендикеп е што ќе играат на друг стадион, односно на Олимпискиот стадион, поради реновирање на „Камп Ноу“.
Реал Мадрид го ангажираше само Џуд Белингем, додека најголем хендикеп за „кралевите“ се очекува да биде заминувањето на Карим Бензема. Францизинот кој беше лидер на Реал Мадрид одбра да се пресели во Саудиска Арабија. Иако имаше информации дека ќе дојде Мбапе, се чини дека до тоа нема да дојде. „Кралевите“ го ангажираа и Хозелу, но прашање е колку тој ќе биде способен да го замени големиот Бензема. Друг проблем за Реал може да биде повредата на голманот Куртоа, па тимот од Мадрид бара замена.
Од сенка фаворит е Атлетико Мадрид. Беа донесени Аспиликуета и Сојунџу, а од Атлетико се надеваат дека ќе го продадат Феликс за добра сума. За место во ЛШ се очекува да се бори и Реал Сосиедад, а тука се Вилјареал, Бетис и Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

