После четири години во Ајакс, мексиканскиот фудбалер од средниот ред Едсон Алварез го напушти Амстердам и се сели во Лондон. Тој беше промовиран во нов играч на Вест Хем, и доаѓа во тимот како замена за Деклан Рајс, кој замина во Арсенал за повеќе од 100 милиони фунти.
Вест Хем овој трансфер ќе го плати речиси третина од она што го инкасираше од трансферот на Рајс, односно 35 милиони евра.
Алварез претходно беше на „мета“ на Борусија Дортмунд како замена за Белингем, но трансферот пропадна во последен момент, а „милионерите“ се решија за Лукас Нмеча од Волфсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

