Шпанија против Шведска е првата полуфинална двојка на Мундијалот за жени кој се игра во Австралија и Нов Зеланд.
Шпанските фудбалерки усепаја да ја совлада Холандија после продолженијата со 2-1. Во регуларниот дел беше 1-1. Калдентеј од пенал ја доведе Шпанија во водство, а Ван дер Грагт во 91. минута донесе израмнување. Во продолжението, Паралјуело во 111 минута донесе конечен триумф за „Фуријата“.
Швеѓанките после триумфот над еден од фаворитите САД, ја совладаа и Јапонија и се пласираа меѓу најдобрите четири селекции. Илестед во 32. минута донесе предност, Ангелдал во 51. минута за 0-2. Уеки промаши пенал за Јапонија во 76. минута, додека во 82. минута Хајаши само намали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

